Шекеринска: Правиме сè да ја направиме Армијата отворена средина за работа на жените

Министерството за одбрана прави исклучителни чекори напред во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива. Се зголемува бројот на жените кои се пријавуваат за доброволно служење воен рок, има зголемен интерес за учество во Армијата како офицери, е заклучокот од денешната конференцијата организирана од Системот за контрола на малокалибарско и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC), посветена на родовата еднаквост и родовата перспектива во одбраната.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во обраќањето на конференцијата посочила дека зголемувањето на учеството на жени во армиските редови не се прави и не треба да се прави преку ноќ, туку треба силна работа и силна посветеност. За тоа дека овој проблем не е само на регионот, туку и пошироко, како што соопшти МО, таа посочила дека доказ се бројните невладини организации, бројните резолуции на Обединетите Нации, бројните здруженија на граѓани кои низ целиот свет се трудат да ги разбијат стереотипите.

Прочитајте и...  Заев на средба со лозари во Неготино: Го решивме проблемот со долговите од винариите (ВИДЕО)

– Од околу 6.700 припадници на Армијата, 635 се жени, односно околу 10 проценти, а од нив офицерки се 15 проценти, подофицерки 11 проценти, а професионални војнички само пет проценти, информирала министерката Шекеринска.

Таа додала дека фактот дека десет проценти во последната класа на граѓани на доброволно служење воен рок се девојки, покажува дека интересот за професијата се зголемува. Она што е најважно, истакнала министерката, е не само да ги привлечеме жените да бидат дел од војската, туку и да ги задржиме да ја градат тука својата кариера.

– Навистина правиме сè да ја направиме Армијата пријатна средина, конструктивна, отворена средина за работа на жените и да имаме што повеќе жени на високи позиции. Донесовме упатство за заштита од вознемирување на работно место, целосно во согласност со политиките на НАТО и програмата на ООН за жени, мир и безбедност. Со предложените измени на Законите за одбрана и за служба во Армијата, за прв пат родовата компонента треба да биде интегрирана во сите структури и е дел од политиките на Министерството. Оваа година за прв пат работиме на родова структура на Министерството и Армијата, со која се воведуваат родов советник на началникот на Генералштаб, родов советник на Министерството и родови претставници на сите пониски нивоа, истакнала Шекеринска.

Прочитајте и...  Генетска верзија од новиот вирус до 6 пати позаразна за човечките клетки од изворната форма

Како што стои во соопштението, министерката за одбрана Шекеринска посочила оти клучната промена не е во фактот дека се превземаат овие чекори, туку дека оваа политика е реално прифатена и од Генералштабот, што овозможува таа да е одржлива на подолг рок.

Обуките за родова рамноправност и кршењето на бариерите во кариерното унапредување се дел од чекорите за целосна родова еднаквост, се подвлекува во соопштението. Во редовите на Армијата има три полковнички, а речиси во секоја мисија во Авганистан, во рамки на контингентот од Армијата има жени, исто како што во мисијата во Либан во моментов е претставничка на Армијата, а аѓутант на претседателот на државата е жена – полковничка, прва на таа позиција во историјата на државата.

Прочитајте и...  Силјановска: На 15 јули мора да се стави крај на катастрофалното владеење на СДСМ

Прочитај повеќе

Во Хрватска нови 86 заразени со корона вирус

Слободен печат

На протест во Рим здружните десничарски партии побараа предвремени избори

Слободен печат

Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун

Слободен печат

Во Црна Гора се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ

Слободен печат

МФ изработи прирачник „Купувам домашно” со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Слободен печат

Царовска на средба со Форум на жени од Карпош: Со цврста заложба ја јакнеме родовата еднаквост

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица Мрмов од Делчево најави поголема заштита на работничките права

Слободен печат

Мисајловски од Куманово: Обнова за спортот, инфраструктурата и бизнисот

Слободен печат

Заев од Росоман: Уште поголема поддршка за домашните компании, 600 милиони евра за економијата до 2024 година

Слободен печат

Бишевац позитивен на Ковид-19: Се чувствувам одлично, со семејството ќе бидеме во изолација

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Заев и Луј Витон правниот систем, не очекуваме да им се допаднат спотовите

Слободен печат

Над 10.000 лица починаа од Ковид-19 во Русија од почетокот на пандемијата

Слободен печат