Шекеринска: Повторно ќе се покачат платите за сите припадници на Армијата

Министерката Шекеринска истакна дека годинава земјава ќе стане членка на НАТО, но како што рече, тоа значи и започнување на одредени стандарди.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска при посетата на касарната „Јане Сандански” во Штип најави покачување на платите на цивилните лица во Армијата. Таа забележа дека пред две и пол години точно од Штип го најавила првото покачување на платите во Армијата.

– По второто покачување на платата од крајот на овој месец, платите на сите цивилни лица во Армијата ќе бидат дополнително зголемени за 10 проценти, а со почетокот од март сите припадници на Армијата оние кои имаат над тригодишни договори ќе успеат да добиваат месечно издатоци за станарина. Ова е износ од 7 илјади денари секој месец. Тоа, значи, ако пред две и пол години, пред доаѓањето во Штип платата на одреден професионален војник изнесувала 20 илјади денари, тогаш заедно со овие покачувања, заедно со станарината, тој или таа, сега секој месец ќе добиваат над 30.000 денари, рече Шекеринска.

Таа истакна дека најниско платените вработени во Армијата со ова покачување ќе имаат зголемување за 50 проценти на примањата. На овој начин, како што рече таа, се зголемува мотивот за да припадниците останат да работат тука во Армијата.

Министерката Шекеринска истакна дека годинава земјава ќе стане членка на НАТО, но како што рече, тоа значи и започнување на одредени стандарди.

– Задоволство ми е што токму во Штип ќе биде лоциран нашиот главен НАТО ресурс, лесната пешадиска борбена група која ќе ги има и повисоките стандарди на обука, повисоките стандарди во дел на опремата, рече Шекеринска.

Забележа дека на крајот на годината е потпишан првиот договор со кој се обезбедени оклопни возила токму за оваа пешадиска група, а во моментов течат и обуките од стана на припадниците на Обединетото Кралство.

Бригадниот генерал Хју Лојд Џонс рече дека Обединетото Кралство со нетрпение очекува да ја поздрави Северна Македонија како 30 членка на семејството НАТО, и му е мило што Армијата на РСМ започнала  трансформација со формирање на првата пешадиска чета токму овде во Штип која ќе биде добро опремена, добро обучена и ќе има подобри ресурси од било која друга конвенционална единица што ја претставува армијата на терен.

– Оваа способност ќе биде организирана,  обучена во согласност со НАТО стандардите и ќе биде основа на воениот придонес на Алијансата. Обединетото Кралство многу ја цени можноста да даде своја поддршка на приемот на Северна Македонија во Алијансата и да обезбеди практична помош во развојот на лесната пешадиска баталјонска група. Оваа помош вклучува тим за обука од вториот баталјон на полкот на војводата од Ланкастер кои во моментов се во земјава и обезбедуваат лесна пешадиска и лидерска обука за 30 потенцијални подофицери од вториот баталјон рече Лојд Џонс.

Тој додаде дека Обединетото кралство и понатаму да обезбедува практични совети и помош во понатамошниот процес на трансформацијата на РСМ. Обуките се извршуваат во штипската касарна и на полигонот Криволак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот