Шекеринска: После години „чмаење“ пред вратите, конечно на своето заслужено место во најмоќниот сојуз

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска синоќа објави фотографија со премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил каде изјави дека вредело се што било направено, за државата конечно да го најде своето место во НАТО.

„Вредеше! Дадовме збор и донесовме резултат. #МКвоНАТО
Денес, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… имаше чувство дека победил, дека успеал, дека има причина да биде горд. После години “чмаење” пред вратите, денес бевме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз. #ЕденЗаСите #СитеЗаЕден
Овој наш успех не беше лесен ниту извесен. Најлесно беше да се биде песимист и да се жали над нашата судбина. Но, решивме поинаку – да бидеме амбициозни, ама и да се бориме и да сработиме. Резултатот покажа дека сме биле во право.
Тепањето, малтретирањето… лагите, пропагандата против сите нас со државни пари… постојаното оцрнување, па и крвта на 27 април… сето тоа денес избледе. Вредеше и тоа да се истрпи, и тоа да се преживее – за да денес можеме да кажеме дека напишавме историја!“, напиша Шекеринска.

Вредеше! Дадовме збор и донесовме резултат. #МКвоНАТОДенес, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав,…

Publiée par Radmila Sekerinska sur Mercredi 4 décembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот