Шекеринска: По 30 години мечтаење Скопје ќе биде главен град на земја членка на НАТО

Скопје повеќе не градот на стравот или експеримент на мала група на луѓе. Скопје сега  е слободно и е град на слободни луѓе, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната трибина на „Прав пат“ на СДСМ во Скопје.

Таа истакна дека по 30 години мечтаење Македонија конечно станува дел од НАТО Алијансата.

– По 30 години мечта Скопје конечно е главен град на земја членка на НАТО. Скопје е град кој ги пречека Столтенберг, Меркел, Туск и редица министри на надворешни работи од многу земји. Конечно сме на вистинскиот пат – порача Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот