-1 C
Скопје

Шекеринска: Пандемијата покажа дека воените капацитети се многу важни во поддршка на цивилните институции

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска преку видео – конференциска врска учествуваше на состанокот на САД – Јадранската повелба, на кој се разговараше за темите од највисок интерес – справувањето со пандемијата на коронавирусот, предизвиците и можностите по пандемијата, добрососедството и регионалната соработка, справувањето со дезинформациите кои се и безбедносен ризик, како и кризниот менаџмент и важноста на евроатлантската интеграција.

Земјите – членки на САД – Јадранската повелба, соопшти Министерството за одбрана, го поздравија исполнувањето на стратешката цел на Северна Македонија – членството во НАТО. Министерката Шекеринска потенцираше дека Северна Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО за земјите аспиранти од Југоисточна Европа, чија интеграција е од големо значење за стабилноста на Европа и за целокупната евроатлантска безбедност.

Во заедничката изјава од министерскиот состанок, беше истакната цврстата заложба на земјите членки на Јадранската повелба да се развива регионалната одбранбена соработка, и да се поттикнат одбранбените и бeзбедносни реформи. Беше поздравена армиската поддршка на цивилните власти во справувањето со Ковид-19, и беше потенцирана важноста од регионална координација во справувањето со кризи. Во таа смисла, министерката Шекеринска ги покани земјите – членки на А5 да учествуваат на меѓународната вежба на Евро-атлантскиот центар за одговор на кризи, со над 2000 учесници, која наесен идната година ќе се одржи во Северна Македонија.

Прочитајте и...  Мала хидроцентрала ќе ги голтне и водата и водоводот

Северна Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, заедно со САД, како земји – членки на НАТО, ќе го предводат процесот за промоција на политиката на отворени врати на НАТО и за поддршка на земјите аспиранти од југоисточна Европа до полноправно членство во НАТО – беше заклучено на состанокот.

Зборувајќи за предизвикот со кој во моментов се бори целиот свет – пандемијата со Ковид-19, министерката Шекеринска информираше дека во Северна Македонија е прогласена кризна состојба, а Армијата е ангажирана во поддршка на здравството, полицијата и цивилните инстутуции. Регионалната соработка и размена на искуства во справувањето со пандемијата ќе ја подобри националната и колективна подготвеност за успешно справување со предизвикот.

– Пандемијата покажа дека воените капацитети се многу важни во поддршка на цивилните институции во време на криза. Мораме да вложуваме во одбранбените капацитети и во цивилно – воената соработка. Во оваа област од големо значење е и регионалната соработка и размена на искуства, рече Шекеринска на состанокот.

Прочитајте и...  Бајден ја става „еколошката правда" во центарот на неговиот план за борба против климатските промени

Министерката порача дека еден од приоритетите на Владата е транспарентноста, отвореноста и напорите за справување со дезинформациите кои штетат на ефективноста на мерките против ширењето на пандемијата.

– Ние мораме да ги развиеме нашите капацитети за стратегиски комуникации, да направиме систем за справување со дезинформациите и за тоа да имаме и регионален пристап. Северна Македонија напорно работи на развојот на капацитетите за справување со лажни вести, а еден клучен сегмент во тој домен е и Регионалниот центар за односи со јавноста чии програми и курсеви се достапни и за земјите од Јадранската повелба, информираше Шекеринска.

Министерката се осврна и на потребата од градење на капацитети за кризен менаџмент, потенцирајќи ја важноста за меѓувладина и меѓудржавна координација и соработка во оваа област, како и соработката со НАТО координативниот центар за одговор на кризи преку кој Северна Македонија како членка на Алијансата, неодамна доби медицинска опрема – 60 транспортни респиратори, во вредност од 1,4 милиони евра.

Прочитајте и...  Евроамбасадорот Гир во посета на Охрид на разговор за зачувување на статусот на УНЕСКО

На состанокот покрај министерката Шекеринска учествуваа и министрите за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поджиќ, на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, заменик – министерот за одбрана на Албанија Петро Кочи, хрватскиот државен секретар Здравко Јакоп и потсекретарот за одбранбена политика во Департманот за одбрана на САД, Ентони Тата. Како претставници од земјите – набљудувачи на состанокот присуствуваа и косовскиот министер за одбрана Антон Ќуни и државниот секретар во Министерството за одбрана на Словенија, Урош Ламперт, стои во соопштението.

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар