Шекеринска – Палмер: Силна поддршка од САД за Македонија и за нејзините евроатлантски перспективи

Фото: МИА

Соработката во одбраната меѓу Северна Македонија и САД е на највисоко ниво и дека со членството на нашата држава во НАТО таа ќе се зајакнува, истакнале на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Метју Палмер, заменик – помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западниот Балкан, кој е во посета на нашата држава.

На средбата, соопшти Министерството за одбрана, станувало збор за НАТО перспективата на државата која со ратификацијата во Сенатот на САД и уште 25 земји членки на НАТО е сосема јасна – Македонија наскоро ќе биде потврдена како 30. земја – членка на НАТО.

Високиот гостин од американскиот Стејт Департмент ја реафирмираше поддршката на САД за нашата земја и за европските перспективи на државата.

– Ратификацијата во Сенатот на САД и посетата на американскиот државен секретар Помпео се силен доказ за стратешкото партнерство и поддршката од САД за Северна Македонија. Недонесувањето на одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори не ја менува нашата одлука – да работиме на остварувањето на нашите стратешки цели – членството во Европската Унија и НАТО – рече министерката Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот