Шекеринска од Ростуше: Вложувањето во инфраструктурата е влог во нашата иднина

Вицепремиерјата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска беше во посета на Општина Маврово-Ростуше, каде што посети неколку објекти.

– Во една релативно мала општина со скромни финансиски капацитети, да видите реновирана фасада во училиште училиште и болница и да видите сосема нова општинска зграда изградена по најсовремени стандарди навистина е реткост. Ги посетивме и неколкуте патни правци кои се целосно реконструирани или се реконструираат и можам да кажам дека општината во изминативе нецели три години направи мало чудо. Користејќи свои локални средства но и владини и странски донации да ги стави во функција на локален развој, рече Шекеринска.

Таа истакна дека наследиле држава која била руинирана и во која парите на граѓаните се трошеле на музеи, барокни фасади и споменици.

 

-Пред три години наследивме држава која беше руинирана и затоа беа руинирани и болниците и училиштата и општинските објекти. Оваа политика ја сменивме од корен и во изминативе три години успеавме да вложиме една милијарда евра. Нашиот план е во следните четири години таа бројка да ја дуплираме и да вложиме таму каде што е најпотребно, цели две милијарди евра, истакна Шекеринска.

Посочи дека и за време на коронакризата, продолжуваат реализациите на капиталните инвестиции.
-Затоа сме сигурни дека инвестициите во граѓаните, образованието и во здравството се клучни во ситуација на криза. Токму оваа криза ни покажа колку е важно да инвестираме во суштинските области во државните капацитети. Тие се тие на кои можеме да се потпреме во криза, оцени таа.
Потсети дека во изминатите три години е заокружено и членството во НАТО, додавајќи дека нашата држава не се грижи дали ќе опстои и оти денес се инвестира во нашиот напредок и прогрес.
– Тоа беше затоа што носевме паметни одлуки и инвестиравме во иднината. Сакам да му честитам на градоначалникот затоа што вложиле за да го направат својот крај поубав. За да задржат што е можно повеќе луѓе дома. Ова се местата и ова се пределите во кои како држава треба најмногу да инвестираме. Не можеме да очекуваме успешен туризам ако немаме добар пат, добро здравство и добра инфраструктура. Така ќе продолжиме и во иднина да го развиваме Реканскиот крај, заклучи Шекеринска по посетата на Општина Маврово-Ростуше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот