15.8 C
Скопје

Шекеринска од Охрид: Зборот е збор, немаме време за губење, одиме напред! (ВИДЕО)

Зборот е збор! Пред две ипол години ветивме членство во НАТО и тоа го испорачавме. За само две ипол години станавме членка на најмоќната воено-политичка алијанса , после 11 изгубени години, истакна Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5.

-Зборот е збор, истава година добивме почеток на преговори со ЕУ, после 11 изгубени години. За само две ипол години успеавме да станеме членка на НАТО, да почнеме преговори со ЕУ да ги зголемиме платите и пензиите три пати да ја покачиме социјалната помош и да ги враќаме парите кон граѓаните. За само две и пол години граѓаните повторно се слободни, а медиумите и критични и секогаш ослободени од притисок од власта. За само две и пол успеавме нашата држава од изолирана да ја направиме сигурна, членка на најмоќниот сојуз. Повеќе не сме сами ниту во добро ниту во лошо- вели Шекеринска.

Ако останете дома, истакна таа, ако не го искористите своето право на глас на 15 јули сето тоа може да остане уште една неискористена шанса бидејќи и вие знаете дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт Македонија во ЕУ нема никакви шанси.

-Дајте ни доверба за да ги завршиме докрај работите, влеговме во НАТО можеме и во ЕУ. Ги решивме суштинските, клучни, стратешки прашања за државата. Сега со иста енергија, страст, сила и храброст ќе се справиле со проблемите врзани со првната држава. Обезбедивме правичност сега е време за ред и правда, дајте ни доверба да го завршиме започнатото. На 15 јули гласајте за бројот 3- рече Шекеринска.

Поврзани вести

Рама и Мета ја поздравија одлуката на Холандија за Албанија да почне преговори со ЕУ

Слободен печат

ООН ги поздрави резултатите од средбата меѓу Бајден и Путин

Слободен печат

Шахпаска: Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време

Слободен Печат

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е под палка на бегалецот од Будимпешта

Слободен Печат

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели

Слободен печат

Паника во Рим: Пронајдена бомба во автомобил на три часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија

Слободен печат

Остави Коментар