Шекеринска од Кичево: Обезбедивме правична држава за сите, ги зголемивме платите, повеќе пари за сите граѓани

Во изминативе две и пол години нашиот фокус беше да обезбедиме поправедна и поправична држава, во која ќе зборуваме за поддршка на обесправените и оние на кои правдата им е најпотребна. Ако фокусот овие две и пол години беше на поправична држава, фокусот во следните четири години ќе ни биде на обезбедување на целосно правна држава, изјави во Кичево Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5.

Резултатот од нашата определба, нагласи таа, е повеќе од видлив особено во дело на правичното општество, општество за сите.

– Успеавме минималната плата да ја зголемиме од 9.000 денари на 14.500 денари, најголемо во историјата на нашата држава. Ја зголемивме и просечната плата и да вратиме повеќе пари кај граѓаните, преку проектите Мој ДДВ, укинување на радиодифузната такса и враќање на евтината тарифа на струјата, изјави Шекеринска.

Таа додаде дека е решен и проблемот со стечајците, а за три пати е зголемен придонесот за луѓето кои живеат од социјална помош.

– Во наредните четири години главна цел ќе ни биде да ја вратиме правната држава, затоа што чувме и видовме колку трул е нашиот судски систем. Да покажеме дека никој во земјава нема да биде над законот, како што успеавме да влеземе во НАТО и како што ги започнавме преговорите со Европската Унија, така сега ќе се нафатиме на тврдиот костен и нема да бидеме ниту под уцени ниту под притисоци, за да се справиме со ова зло. Во делот за Кичево главниот фокус ќе ни биде и економијата и инфраструктурата. Следната година целосно ќе го завршиме автопатот Кичево-Охрид. Инвестирани се повеќе милиони евра за збогатување на инфраструктурата во овој регион, рече Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5.

Додаде дека повеќе од 500 фирми само од Кичево искористија финансиска помош за да ги зачуваат работните места и граѓаните потврдуваат, изјави Шекеринска, колку им била важна оваа помош за да не стават клуч на врата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот