Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Вечерва на граѓанската трибина која се одржа во Дебар, заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска се осврна и на планот на коалицијата „Можеме” за потребите на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

– Нашиот план е минималната плата да продолжи да расте, од 14,500 на крајот од мандатот да успееме да стане 20.000 денари и ако некој праша можно ли е јас ќе кажам да, бидејќи покажавме на дело. Не мора да ни ги слушате зборовите можете да ги погледнете бројките. Ако за 2,5 години ја покачивме минималната плата за 5,500 денари тоа можеме да го повториме сега за 4 години. Просечната плата до крајот на мандатот сакаме да порасне на 34,000 денари и некој ќе каже, прво ВМРО ДПМНЕ нема шанси многу е, тоа го кажуваат два пати во Собранието кога баравме да поддржат раст на платите.

ВМРО ДПМНЕ, не гласаа „За” и денеска се шетаат по кампањи, истите луѓе велат сега ќе ви ветиме повисоки плати и пензии. Пред година дена не можеа дури ни како опозиција сега ќе го направеле. Ние тоа ќе го направиме, не на зборови туку со дела. Во следните години ќе обезбедиме 600 милиони евра за нашите компании, 300 од домашни буџети, 300 од европски пари за да им помогнеме да исплаќаат повисоки плати – рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот