Шекеринска очекува нови армиски униформи до крајот на годината - Слободен печат

Шекеринска очекува нови армиски униформи до крајот на годината

Во текот на минатата и оваа година Министерството за одбрана успеа целосно да го заврши процесот за набавка на војнички чизми, додека договорот за набавка на воено-теренски униформи е раскинат затоа што избраната фирма не успеала да ги исполни бараните условите и постапката е повторена.

Ова денеска го соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на велешката касарна за свеченоста по повод приемот на нови 125 професионални војници во Армијата, одговарајќи на прашање на МИА „до каде е постапката за набавка на нови воени и свечени униформи”.

– Јас не случајно реков дека со квалитетот нема да правиме компромиси и тоа што го бараме во постапката, фирмите треба да го испорачаат. Поради тоа договорот беше раскинат и ја повторивме постапката. Се надевам, очекувам и апелирам фирмите да не мислат дека можат да настапат со еден, а потоа да ни подметнат послаб квалитет. Тендерот е објавен и очекуваме поголема конкуренција и интерес. Дадовме шанса и за цени кои одговараат на квалитетот што го бараме и се надевам дека до крајот на годинава овој процес ќе биде завршен, изјави министерката Шекеринска.

Таа воедно информира дека минатиот месец Министерството дополнително започнало и со набавка на свечени униформи и очекува двата процеси да бидат успешни.

Во однос на новинарското прашање за решавање на станбеното прашање на припадниците на Армијата, а за што претходната власт најавуваше изградба на станови за припадниците на АРМ, Шекеринска појасни дека за тоа говорела и на пратеничките прашања пред два месеци и рекла дека шест години се најавувал проектот и не бил решен и пропаднал затоа што од старт не функционирал.

Таа информира дека Армијата брои околу седум илјади припадници, нагласувајќи дека, според неа, е некоректно да се залажуваат војниците дека со изградба на станови ќе можат да се решат сите проблеми.

– Разгледуваме опции како исплатата на станарина што ја добиваат одреден дел на припадниците на Армијата да биде поправедна и да ја ослободиме од злоупотреби. Воедно секаде каде што Армијата има имот што не ни е потребен, можеби ќе се нуди комерцијално, а за возврат да се добијат станови за Армијата. Но, тоа ќе го правиме многу внимателно, бидејќи сите се изгорени од лошите искуства во минатото, потенцира министерката Шекеринска.

Прочитај повеќе

Тачи договорот за авиолинијата го смета за одличен и незаменлив проект

Слободен печат

Тачи: Со Гренел зборувавме за дијалогот Косово-Србија

Слободен печат

Хафтар воведе забрана за сите видови авиони: Ќе го соборам секој што ќе полета од Триполи

Слободен Печат

Османи: ДУИ ќе го почитува принципот „победник со победник“

Слободен Печат

О2 иницијативата бара објаснување за одложувањето на расправата за забрана за увоз на отпад во Собранието

Слободен печат

ЦИА ОТКРИВА: САД го поддржувале Садам Хусеин во нападите со нервен гас врз Иран

Слободен Печат

Остави Коментар

10 − 1 =

Прочитај повеќе

НОВА ТРГОВСКА ВОЈНА НА ПОВИДОК: Британците предизвикуваат гнев, а причината се Гугл и Фејсбук

Слободен печат

Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри кај мали и средни компании

Слободен Печат

Продолжува процесот за отповикување на Трамп

Слободен Печат

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Почуствуван е и на грчкиот остров Лезбос

Слободен печат

Кина го затвора Вухан поради опасност од ширење на коронавирусот

Слободен Печат

Отфрлени промените на предлог-законот за Брегзит

Слободен Печат