Шекеринска: Не дозволувам мојата сенка да ѝ влијае на Лукаревска во работата

Радмила Шекеринска / Фото: МИА

„Ги мерам зборовите кога ги кажувам во јавноста и кога не сум сигурна, подобро ќе молчам, но сакам мојот збор да тежи“, вели министерката за одбрана и поранешната потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска за емисијата „Само интервју“, коментирајќи ја нејзината одлука за напуштање на партиските функции во владеачката партија.

Според неа, таа прво сакала да соопшти во јавноста, за да сите бидат на чисто, дека ова не е обид за игра од нејзина страна.

„Кога ќе погледнам назад во претходните 8 сдсмовски години, можам да видам дека сум имала 2 големи цели и тие сме ги извршиле. Го срушивме режимот, а во вториот мандат е членството во НАТО. Мојата политичка задача во партијата е заокружена“, вели Шекеринска и додава дека не мисли дека неа треба некој да ја замени во СДСМ.

„Сања Лукаревска треба да биде добар заменик-претседател на СДСМ, на начин кој одговара на нејзиниот профил, знаење и искуство. Ѝ посакувам добро и не дозволувам мојата сенка да ѝ влијае во работата. Сите ние имаме право на добар почеток“, смета Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот