Шекеринска: НАТО го интересира законот за одбрана

Радмила Шекеринска

На денешниот брифинг со новинарите, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, рече дека законот за одбрана, кој е усвоен на владина седница а се носи со двотретинско мнозинство, ќе биде изгласан во собранието.

Шекеринска вели дека актуелниот закон застарен и се работи по стара методологија.

– Ние сме во завршница во НАТО процес, со или без Шпанија. НАТО повеќе се интересира за законот за одбрана – вели Шекеринска.

Министерката рече дека земјите членки на НАТО при евентуален напад на една држава веднаш да го активираат системот за самоодбрана. Таков систем, вели, и треба и на нашата држава.

– Систем во кој тоа правило ќе функционира. Како, во случај Македонија да се одбрани и како Македонија да се вклучи во помош – рече Шекеринска.

Македонија ќе учествува и на операции на НАТО на Обединетите нации. За учеството на операциите за НАТО, ќе одлучува Владата, со обврска еднаш во годината да го информира Собранието.

– За да се обезбеди брза операција, се носи законот за одбрана – вели Шекеринска.

Клучно е државата да биде безбедна. Шекеринска вели дека при учеството во мисиите учествуваат припадници на армијата и министерството за одбрана. Предвидено е и цивили да учествуваат во мисиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот