Шекеринска: Најавивме реконструкција и таа ќе се случи

Во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема, заменик претседателката Радмила Шекеринска зборуваше за најавена реконструкција во Владата.

– Низ процесот на промени, како партија докажавме дека сме свесни за одговорноста дадена од граѓаните и затоа кадровските промени во СДСМ не треба да се гледаат како замена за кадровските промени на државните позиции – истакна Радмила Шекеринска.

– Ветивме промени и во партијата и на државните позиции, но водевме сметка за државните интереси и периодот во кој се наоѓавме а беше тесно поврзан со евроинтегратицните процеси. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во Собарнието –  порача Шекеринска.

Осврнувајќи се на внатрепартиските промени, Шекеринска истакна дека освен персонални решенија, следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот