Шекеринска на состаноци во седиштето на НАТО во Брисел

Радмила Шекеринска

Министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, пред министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, ќе го изнесе ставот на Северна Македонија во однос на мисиите и операциите на Алијансата, справувањето и градењето отпорност против хибридните закани и за зголеменото буџетирање на одбраната.

На состаноците на Северноатлантскиот совет, министерката Шекеринска ќе ја реафирмира поддршката која ја дава нашата земја во мисијата „Одлучна поддршка”, преку долгогодишното учество на припадниците на Армијата во сите досегашни мисии на Алијансата во Авганистан.

По потпишувањето на пристапниот протокол, Северна Македонија активно учествува на сите состаноци на Алијансата, а по завршување на ратификациониот период, нашата земја како полноправна членка ќе има и право на глас.

Ова е трето учество на министерката Шекеринска на состаноците во Алијансата на највисоко ниво, што покажува дека нашата земја функционира како член на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот