Шекеринска: Ковачки својата иднина ја гледа како дел од политички игри, што треба да му служи на чест

Фото: МИА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со обвинувањата од страна на полковникот Драган Ковачки денеска на прес-конференција како одговор на новинарско прашање потенцира дека нема да апелира да престане бидејќи, како што рече, тој очигледно „го преминал Рубиконот” и својата иднина ја гледа исклучиво како дел од политичките игри, што треба нему да му служи на чест.

– Токму полковникот Ковачки, бил раководител на едно од најважните служби во МО, кога Министерството било прогласено за најнетранспарентно и комплетно затворено за јавноста. Не знам каде бил тогаш да проговори за овие состојби. Кога бил тој таму успеал да ја политизира службата која мора да биде надвор од политиката. Овие пост фестум реакции се несоодветни, изјави Шекеринска.

Според неа, јасно е дека неуспешниот обид на Ковачки да заплови во политички води, сега го користи да ја политизира инсистуцијата од која потекнува.

– Мислам дека тоа е нечесно, неодговорно, не е во духот на нашиот закон, дури не е ни во духот на Армијата. Нема да апелирам да престане, бидејќи тој очигледно го преминал Рубиконот и својата иднина ја гледа исклучиво како дел од политичките игри, нека му служи на чест, рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот