Шекеринска: Каракачанов ги злоупотреби во политички контекст бугарските инженерци

Министерот за одбрана на Бугарија Каракачанов ги злоупотреби во политички контекст бугарските инженерци, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на изјавата на Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори”.

-Еве денеска ги гледаме македонските инженерци, бугарските инженерци колегата Каракачанов ги кажа и по мене ги кажа и ги злоупотреби во еден политички контекст кој не доликува на држави членки на НАТО, рече Шекеринска од Криволак од каде со инженерците на Армијата беше на увид на патот кој се трасираше од Штип до Армискиот полигон.

Министерката прашана дали се видела со Карачанов после неговата изјава, рече дека министерот за одбрана на Бугарија не бил присутен на последениот состанок на министри за одбрана на НАТО.

Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов минатиот месец во интевјуто за „Дарик радио“, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до Договорот што го потпиша пред три години, како и дека не треба да се потпише нов договор.

– Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти – рече Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“.

(ВИДЕО) Каракачанов: Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот