Шекеринска- Каракачанов: Директна помош од Бугарија во борбата против коронавирусот

Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

-Во разговорот бугарскиот колега и честиташе на министерката Шекеринска на членството во НАТО. Министерот Каракачанов најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Covid-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации- наведуваат од Министерството за одбрана.

Двајцата министри ја искажаа взаемна поддршка во борбата против пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот