Шекеринска: Избори на 5 јули

Како општество и како одговорни поединци не смее да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка Влада, со бројни шанси за вето и без Парламент. Собранието и Владата мора да се во полн технички и политички капацитет со цел успешно спроведување на мерките во борбата против пандемијата и Ковид-19, како и сите последици од него, истакна заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска на прес-конференција во Битола.

Како носител на листата кандидати за пратеници во ИЕ 5 и во придружба на кандидатите за пратеници, Шекеринска посочи дека изборите мора да се одржат на 5 јули.

– Мора да знаеме дека имаме одговорност пред граѓаните, пред државата, и посебна одговорност за здравјето на граѓаните. Не смееме да се втурнеме во бескрајни преговори кои граѓаните ќе ги држат во заложништво, не смееме да бидеме жртви на бескрани преговори само, и само затоа што Мицкоски се плаши од избори, а преку своите министри прави саботажи и на штета на граѓаните. Секој оној што сака да ги одложи изборите, всушност сака да ја продолжи кризата, а со тоа не и посакува добро нити на државата, нити на граѓаните. Затоа, истакна Шекеринска, да ги послушаме советите кои дојдоа од страна на сите стручни лица, да се искористи првиот можен период за да добиеме функционални институции кои ќе ни помогнат да се справуваме со епидемијата и во вториот дел од годината.

На прес-конференцијата во Битола Шекринска нагласи дека изборите не може да се одложуваат и како што рече, потребно е час поскоро да организираме фер, слободни и демократски избори со кои ќе добиеме нови, легитимни институции со целосен капацитет, бидејќи само со целосен капацитет и полна сила на сите демократски институции нашата држава повторно ќе ги победи предизвиците.

-Направивме се да постигнеме договор и да испратиме порака дека како држава знаеме да носиме одлуки и да создаваме предвидлива клима, но за жал ВМРО-ДПМНЕ последниов период избегнува средби за да се донесат одлуки. Ние како партија ќе даваме предност на консензусот, но консензус не може да значи запирање на се во државата, не е консензус граѓаните и државата да се држат во заложиштво, ние направивме се за да дојдеме до договор, но изборите не може да се одлагаат за после 5 јули. Направивме се, ќе разговараме, но државата не смее да ја плати цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска.

Во обраќање до јавноста, кандидатот за пратеник Јован Митрески порача дека одложувањето на изборите може да ја зголеми неизвесноста во државата.

-Не смееме ниту од правен, ниту од демократски аспект, да ја оставиме владата бесконечно да биде и законодавна, и извршна власт. Потребна е влада со политички легитимитет, истакна Митрески. 

Прочитајте и...  Декларацијата за приоритено донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја потпишаа 17 политички партии

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Слободен печат