Шекеринска им се обрати на студентите од факултет за Безбедност: Од вас ќе се бара нова отвореност кон светот

Сте одлучиле да студирате во сфера која допрва ќе станува уште поважна. Безбедноста не засега сите постојано, ја забораваме се до моментот кога ќе ја изгубиме. Безбедноста е нешто што секој мора да го има дома бидејќи сите сакаме да се чувствуваме сигурни и безбедни дома, и на улица, и во институции, на било кој простор. Но безбедноста е големата промена што ги зафати сите држави, целата планета, не е само прашање на граници и на полиција на улици, на спремна Армија да се соочи со ризикот. Денеска безбедноста покрива се и затоа од Вас ќе се бара знаење за се.

Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска на студентите на свеченоста по повод отпочнувањето на новата академска студиска 2020/2021 година на Факултетот за безбедност, која посочи дека од нивните професори ќе се очекува и широки дебати и познавања.

– Безбедноста е дали ќе може државата да се справи со епидемија, како што сега ја имаме. Бебедност е дали државата ќе може успешно да се прилагоди на климатските промени, дали ќе овозможи достапна и квалитетна храна, дали ќе ги заштити своите компјутерски системи, дали ќе не заштити нас, како корисници од тие системи од постојаните упади и во нашата приватност и во нашите права. Дали ќе воспостави систем во кој лажните вести ќе се разликуваат од вистинските вести. Безбедноста ќе побарува и демократија и човекови права и функционална правна држава, истакна Шекеринска.

Прочитајте и...  Во градинка во Неготино во изолација две вработени и 13 деца

Според неа, светот е реформатиран и притоа се е променето, а во промените, подвлече, најспори сме ние луѓето. Како што рече, не се менуваат доволно брзо институциите, не се променуваат брзо ниту безбедносните системи, не се менува се уште доволно брзо дури ниту политичките партии, дури ни моралните и етичките дилеми со кои се соочуваме.

– Безбедноста ќе биде дел од сите овие прашања. Ако не обезбедиме наше брзо менување, технолошкиот напредок може да стане наш непријател. Мислам дека професијата со која ќе се занимавате ќе биде се повеќе насочена кон овој тип закани и затоа од Вас ќе се бара нова отвореност кон светот, истакна Шекеринска.

Главниот натпревар, смета таа, ќе биде психолошки, да им влијаете на духот на противникот, да влијаете на проценките на противникот, да ја уништите, како што рече, неговата или нејзината верба во успех.

– Ние не гледаме противници во светот, но во светот најверојатно некој ќе биде наш противник и ние треба да бидеме подготвени и за овие закани кон безбедноста. Затоа, мислам дека овде зборуваме за тоа што допрва не чека, а тоа се ваквите предизвици, да бидеме спремни некој да се труди и да го поткопува нашето знаење и нашата верба во сопствената држава и знаење. Затоа паралелно со трансформацијата во Армијата, правиме и други проекти кои одговараат на овие безбедносни ризици и го развиваме Регионалниот центар за односи со јавност, што е веќе деклариран НАТО ресурс, рече меѓу другото министерката за одбрана Шекеринска.

Прочитајте и...  Одложена посетата на Пендаровски во Хрватска

– Бидете подготвени за напорна, но фер борба во наредните години. Ништо не е недостижно, им порача меѓу другото деканот проф. Никола Дујовски на новите студенти, а ги повика професорите да ги поддржат студентите и да им овозможат што повеќе материјали и да им бидат на услуга на студентите.

Им честита на студентите и нагласи дека во овие сложени времиња се одлучиле да студираате, а горд е што го препознале Факултет за безбедност, како инситуција што расте и можеби е најголемиот факултет во областа на општествените науки затоа што оваа година се запишале 231 студент што е, подвлече, навистина бројка за почит. Запишани се, информира меѓу другото, 11 студенти со успех од 100 поени.

Неговите очекувања како декан и од името на сите проферсори, побара, да направат разлика помеѓу средношколскиот живот и да започнат нов период од нивниот живот во кој на факултетот за безбедност ќе бидат подготвени  и отворени да ги примат најдобрите совети од професорите од областа на безбедносните, полициските, криминолошките, криминалистичките кривично-правните и другите општествени науки, но во исто време,  истакна, да се грижат да го градат нивниот личен интегритет како студенти.

– Мора да го запреме процесот идните генерации својата иднина исклучиво да ја гледаат надвор од границите на државата, повика проф.д-р Марјан Ѓуровски, проректор за студентски работи на Универзитетот „Св.Климент Охридски”.

Прочитајте и...  Стојанов: Треба да се почитуваат мерките за да не се оптерети премногу здравствениот систем

Како што рече, пандемијата покажа дека по медицинските и информатичките науки, науката за безбедност и управување со кризи се иднината на светот, а вие, нагласи Ѓуровски, сте направиле вистински чекор, затоа што технологијата го движи светот, но безбедноста го чува светот и државата од нови ризици и закани, а со тоа и човековото живеење и секојдневно битисување.

– Незадоволни професори раѓа уште понезадоволни студенти – околу ова нешто сакам да пратам порака која гласно ќе ја изговорам со уверување дека ќе биде соодветно сватен. Статусот и стандардот на професорите кој не е на потребното ниво непосредно влијае врз студенскиот стандард и генерално рангирањето на македонските универзитети. Ова го велам зошто заедно треба да стремиме кон универзитеска средина која треба да стимулира постојано проширување на реперторатор на наставни техники, рече тој меѓу другото.

Професионализација и департизацијата на безбедносниот систем, според Ѓуровски, само ќе овозможат студентите завршување на студиите да го најдат своето место и работа во безбедносните структури на државата и други значајни институции, меѓународни, регионални и друг тип организации.

– Културата на конкурентност е слаба точка во нашето општество, и клучниот елемент за нејзино градење во нашата држава е интернационализацијата на поединците и институциите која може да се добие преку Еразмус плус програмата на Универзитетот. Еразмус плус програмата искристете ја веднаш по завршувањето на првата година од Вашето студирање, истакна Ѓуровски.

Поврзани вести

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

МИА Агенција

ВМРО-ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до семејството на Амди Бајрам

Слободен печат

Конференција за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина

Слободен печат

Шпански региони бараат Владата да воведе вонредна состојба

Слободен печат

Црни рекорди во регионот: Бугарија, Србија и БиХ со најмногу заразени, Словенија и со починати од ковид-19

Слободен печат

Меркел со порака до Германците: Намалете контакти и патувања

Слободен печат

Остави Коментар