Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Во врска со предлогот на ДУИ премиер да биде Насер Зибери, Шекеринска рече дека граѓаните ќе го кажат своето мислење на 15 јули и ќе одлучуваат кој ќе биде премиер и каков ќе биде составот на Владата.

Празниот пулт на Дурловски покажува колку и самите се свесни дека е празна понудата на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема што да им понудат на граѓаните и докажува дека бегаат од сите ненарачани прашања и дуели, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во Петтата изборна единица, Радмила Шекеринска на вечерашната дебата на телевизија Телма на која не присуствуваше кандидатот од истата изборна единица од коалицијата „Обнова за Македонија”.

– Членството во НАТО ни донесе сигурност, а темите на национализам и федерализација ги наметнуваат луѓето кои немаат реално што да понудат на граѓените на клучните прашања, а тоа се сигурност, економија и правда – рече Шекеринска, додавајќи дека единствената партија која заговарала територијално решение на политичките проблеми е ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со предлогот на ДУИ премиер да биде Насер Зибери, Шекеринска рече дека граѓаните ќе го кажат своето мислење на 15 јули и ќе одлучуваат кој ќе биде премиер и каков ќе биде составот на Владата.

– Мислам дека сите партии ќе се сложат дека без разлика на фолклорот за време на изборите, идниот премиер ќе биде Зоран Заев, да, Македонец но, кој ја има рекордната поддршка и кај Македонците и кај Албанците, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците и кај Србите – посочи Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот