Шекеринска: Додека лекарите и медицинскиот персонал се бореа за секој живот, Мицкоски во теретани, кафеани, поттикнуваше да не се почитуваат мерките (ВИДЕО)
Заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска, денес во Крушево имаше работна средба по која ги коментираше инвестициите и реформите кои владата предводена од СДСМ ги имплементираше во изминативе три години.
-Покажавме одговорност кон здравјето на граѓаните но и брза реакција тогаш кога светот па и ние плативме голема цена поради коронавирусот. Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот. Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство. Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот- рече Шекеринска.
Додека светот ни честиташе на начинот со кој се справуваме со кризата, рече Шекеринска, Мицковски и Чулев коваа план како со непостапувањето на МВР, како со непочитувањето на мерките да го опструираат овој план, да ги опструираат нашите мерки и да го зголемат бројот на заболени.
-Додека лекарите и медицинскиот персонал се бореа за секој живот, додека се трудеа да го зачуваат своето здравје, Мицковски со својот пример во теретани, во кафеани, поттикнуваше да не се почитуваат мерките, да се потцени опасноста- рече таа.