Шекеринска: Денеска нашата генерација ја запиша својата прва историска победа (ВИДЕО)

Со денешниот финален чин на депонирање на Северноатлантскиот договор во Вашингтон, станавме полноправна официјална 30. zемја членка на најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата, потенцираше Шекеринска.

Секоја генерација има своја битка, нашите баби и дедовци се бора за слобода, нашите мајки и татковцки за независ ност, нашата битка беше за држава членка на НАТО и Европската унија, вели во објаќањето до јавноста министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Денеска нашата генерација ја запиша својата прва историска победа, денешниот датум 27 март, е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историјата. Тоа ќе биде датум на првиот голем успех на нашата независна и суверена држва. Таму ќе пишува дека на 27 март 2020 година нашата земја Северна Македонија стана 30. Членка на НАТО Алијансата- вели Шекеринска.

Со денешниот финален чин на депонирање на Северноатлантскиот договор во Вашингтон, станавме полноправна официјална 30. земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата.

-Велеа не можеме да ги решиме проблемите со соседите. Ги решивме. Велеа, невозможно е да го вратиш назад урнисаниот демократски капацитет на нашата земја. Го вративме. Велеа дека светот не сака да нè види како дел од меѓународната заедница. Меѓутоа, станавме дел од 30-те кои се водечка одбранбена, стратегиска и политичка сила во светот. Денеска сме членка на НАТО, денеска сме држава која веќе почнува преговори со Европската Унија. Велеа, немаме Армија за НАТО. Ја направивме. Го вративме достоинството на Армијата, покажавме посветена грижа на државата кон припадниците на Армијата и тоа сега е НАТО – Армија. Тоа е Армијата која сега им возвраќа и на државата и на сите свои граѓани во првите редови на фронтот против опасноста која му се заканува на целиот свет – корона вирусот. Тоа е Армијата која секогаш кога им е потребна на граѓаните ќе застане пред нив во заштита- истакна Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот