Шекеринска: Да не влегуваме во лузерскиот филм на опозицијата, да се фокусираме на стабилно мнозинство

Радмила Шекеринска министерка за одбрана - фото: Слободен печат - Драган Митрески

Мислам дека претседателот на СДСМ и премиер погреши што го врза својот мандат со резултатот од локалните избори. Сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, да не се даде шанса на Бугарија да искористи каква било слабост кај нас за да рече – не може да се најде решение, изјави вечерва на Топ тема на Телма министерката за одбрана и виссок член во СДСМ Радмила Шеќеринска

Нашето мнозинство во парламентот не е мнозинство за еден ден – тоа треба биде мнозинство што ќе испорача резултати во европските интеграции исто како што испорачавме резултат со НАТО. Треба да се обидеме да успееме а не да чекаме отстрана и да се надеваме нешто да тргне наопаку. Мислам дека не треба да им влегуваме во лошиот и од минатиот четврток – лузерски филм, вели Шекеринска.

Според неа не треба да се лицитира со кадри кои би биле дел од раководството на СДСМ.

-Изминативе денови прочитав 20 имиња во јавноста и 50 комбинации. Сметам дека не е здраво за нас да водиме преку телевизија и интервуја вакви дебати. Здраво е за овие теми да се разговара во СДСМ јас не сум член во раководството така што и кога тоа ќе се состане нема да бидам на маса, но доколку нешто кажам само би му штетела на процесот. И холандскиот премиер Руте при посетата кај нас кажа дека не знае колку локални избори изгубил, но премиер е со години.Мојата проценка е дека изјавата на Заев води кон нов лидершип и партиски и владин, вели Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот