Шекеринска: Бугарија направи геостратешка грешка што не е добра за регионот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, денеска изјави дека она што го чувме и од германското претседателство е на линија на тоа што и ние го чувствуваме, а тоа е дека Бугарија направи геостратешка грешка, што не е добра за регионот, не е добра за нас и нема да биде добра и за Софија.

-Ние ќе продолжиме да работиме на еворпските врености. И денеска на оваа прес-конференција покажавме дека можеме да испорачаме европски резултати, дури и тогаш кога некој го блокира европскиот процес. Така ќе продолжиме и понатаму бидејќи македонската иднина е европска и ние на тоа нема да градиме алтернатива, изјави на денешната прес-конференција Шекеринска.

Таа изрази очекување сите земји од ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ја потврдат нивната позиција дека треба да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

– Она што ние го ветивме пред месец дена, покажавме дека го исполнуваме и оти во интерес на европскиот процес нема да заборавиме на европските вредности, а едно од тие вредности е почитувањето на правото на самоопределување, на различноста и посебноста на секој народ и на секој јазик. Ние кажавме дека тие црвени линии нема да ги преминеме, истакна министерката за одбрана Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот