Шекеринска: Борбата со дезинформациите прерасна во едно од клучните безбедносни прашања

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска преку видео-конференциска врска, како клучен говорник учествуваше на конференцијата на тема „Медиумската писменост и борбата против дезинформациите во време на пандемија”, организирана од здружението „Зошто не” и „SEECheck Network”, со поддршка на Европската Унија, а ја отвори високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Јосеп Борел.

– Борбата со дезинформациите прерасна во едно од клучните безбедносни прашања, не само во регионот, туку и на глобално ниво. Тоа е особено видливо денеска, кога во време на пандемијата, протокот на вистински, фактички точни информации се клучни во борбата за намалување на последиците од корона вирусот и спасувањето човечки животи, рекла министерката Шекеринска на панелот насловен „Брисел”, на чиј дел бил и поранешниот министер за надворешни работи на Хрватска, европратеникот Тонино Пицула.

Како што соопштија од МО, Шекеринска се осврнала и на потребата од максимална активна транспарентност кај институциите, како начин за целосна достапност на точни информации за граѓаните, што, пак, го намалува штетното влијание кое може да го предизвикаат лажните вести.

– Министерството за одбрана направи големи напори да ја зголеми својата активна транспарентност, што подразбира проактивно објавување на информации, кои служат и како основа за проверка на фактите. Одбраната, која генерално се смета за позатворена област, во Северна Македонија е на првото место според транспарентноста, од сите институции на државно и локално ниво, посочила министерката Шекеринска.

Во однос на начините за борбата против дезинформациите, како една од алатките за создавање на општество и граѓани отпорни на дезинформации, министерката Шекеринска ја издвоила токму медиумската писменост, која треба да биде дел од едукативниот процес. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот