Шекеринска: Армијата беспрекорно ги извршува задачите во справувањето со пандемијата, затоа е НАТО Армија

Таа посочи дека заслугата на членството во НАТО во голем дел е токму на нашите припадници на Армијата.

Честитам на припадниците на Армијата од касарните низ цела држава кои ќе ги посетам и лично да се заблагодарам. Сите што добија шанса ја искористија и ја извршија својата задача беспрекорно. Не уверивте дека секој припадник на Армијата е подготвен да одговори на секој предизвик. Затоа станавме членка на НАТО. Тоа го направивте за себе, за своите сограѓани, за Армијата, но пред се за својата татковина” истакна министерката Шекеринска во своето обраќање до припадниците на Армијата при денешната посета на Касарната „Чеде Филиповски – Даме” во Кичево.

Министерката Шекеринска рече дека изминативе две години се случија големи промени за припадниците на Армијата – секој даден збор беше исполнет и дека секоја донесена одлука за повисоки плати, надомест за станарина, подобрување на стандардите, беше во служба на нашите припадници.

-Денеска можам да кажам дека Армијата како резултат на таквите одлуки е институција во која што секој припадник, воено лице има 16 % повисока плата, секое цивилно лице кои за жал имаа најниски плати во целата јавна управа, сега има 28% повисока плата, а секој од вас може да ја користи дополнителната финансиска надокнада за станбено обезбедување од над 8 000 денари која што претходно ја добиваа мал број. И така од месечни примања од 20000 денари, денеска имаме професионални војници кои што имаат најмалку 30000 денари плата. И тоа покажува дека за 50% можевме за период за само 2 години да ги зголемиме приходите. Тоа е мојот начин на работа, да кажам само нешто во што сум сигурна, а ако можам да направам и да обезбедам повеќе. Затоа во овие години успеавме заедно со луѓето во министерството и со раководството на Генералштабот, да ја подмладиме Армијата да обезбедиме дополнителни 700 припадници, дел војници, а дел млади офицери. Затоа за прв пат во Законот за служба обезбедивме подеднакви услови за пензионирање како и полицијата, затоа ниту еден професионален војник кој што наполни 45 години не го оставивме на цедило и затоа успеавме основните средства од типот на чизми кои што веќе ги имате, униформи кои што веќе се делат кај делови од Армијата и јас очекувам да бидат завршени до крајот на јуни. Да покажеме дека грижата за секој војник мора да биде прва грижа на секој министер на секоја Армија” – рече Шекеринска.

Таа посочи дека заслугата на членството во НАТО во голем дел е токму на нашите припадници на Армијата.

-Република Северна Македонија стана 30та членка на НАТО во најтешката година за светот и тој успех немаше да биде возможен ако не беше вашиот напор, ако не беше вашето учество во мисии, ако не беше вашата асистенција  во секоја криза и во секој проблем во државава. Денеска ова е НАТО Армија која што го покачи надоместокот за секој учесник во мисија, која што обезбеди нови оклопни возила после долг период на неинвестиции за Армијата, Армија која што ќе се труди своето членство во НАТО целосно да го искористи и за своите припадници, но пред се за својата држава.”

Министерката рече дека Армијата останува на своите задачи колку што е потребно за конечно справување со пандемијата. Таа потенцираше дека укинувањето на полицискиот час и голем дел од рестриктивните мерки значи потреба од уште поголема лична одговорност и заштита и ја повика Армијата со личен пример уште порешително да ја испрати пораката дека личната заштита, физичката дистанца, личната одговорност е неопходна за состојбата со пандемијата да остане под контрола.

Граѓаните и државата високо го ценат професионализмот на припадниците на Армијата – рече министерката и се заблагодари на припадниците на Четвртиот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада, кои беа задолжени во обезбедување  пред се на објектите на државен карантин во Охрид и Струга.

-Поставивте пример во државата, покажавте уште еднаш дека Армијата е за своите граѓани и затоа ви честитам” – порача министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот