Шеици влегуваат во Интер?!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фондот за јавни вложувања на Саудиска Арабија е заинтересиран да го купи Интер и влезе во трката со Инвестициската група Фортрес која веќе достави официјална понуда.

Финансиската криза која ја предизвика пандемијата на коронавирусот ги фрли на колена кинеските сопственици на Интер, семејството Жанг. Нивната компанија Сунинг се наоѓа во големи финансиски проблеми и веќе се откажа од спонзорирање на повеќекратниот кинески шампион, а сега се соочува со истото сценарио и во Интер.

Поради тоа, Стивен Жанг веќе е во интензивна потрага по нов купувач на актуелниот лидер во Серија А и според последните информации од Италија, се појави нов играч кој доаѓа од Саудиска Арабија.
Жанг не планира да го продаде Интер за помалку од милијарда евра и поради тоа ја одби понудата на британскиот инвестициски фонд BC Partners од 700 милиони евра.
Сега, фондот за јавни вложувања на Саудиска Арабија кој е под контрола на принцот Мохамед бин Салман, е заинтересиран првично да откупи малцински дел од пакетот на акции, а со тек на годините, неговиот удел би се зголемувал и на крајот би станал 100-процентен сопственик на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот