Шегата која ја однел ѓаволот

Местенката за Заев од руските комичари покажува дека живееме во еден грд нов свет, во кој комуникациите се сѐ поранливи, во кој сѐ се снима, преснимува, објавува и сѐ може да биде предмет на манипулација и измама. Во тек е една постојана специјална „пиар“ војна на „секој против секого“, со лажни и не толку лажни вести, со шпиунирања, следења, дискредитирања, изложување на потсмев.

Скандалот покажува дека комуникацијата, особено на високите функционери, треба да биде третирана со најголема внимателност и сериозни мерки за претпазливост, нешто во што и Заев и неговите служби опасно потфрлиле. Заев вели дека ќе останел отворен, но отвореноста не треба да се меша со несмотреност и немарност. Потребна е поголема безбедносна култура и дискреција, а помалку импровизација.

Лажното претставување и неовластеното снимање треба да се сфати и да се гони посериозно ако не сакаме да живееме во Орвеловски свет во кој ве набљудува и Големиот Брат и орди „мали братчиња“.

(Фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот