Шефот на украинското разузнавање вели дека Крим „ќе го вратат со комбинација од воена сила и дипломатија“

Кирил Буданов/ Фото: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

Шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека Украина ќе употреби комбинација на воена сила и дипломатија за да го ослободи полуостровот Крим, кој е под руска окупација.

„Но, ништо нема да се случи без сила. Нашите единици ќе одат таму со оружје во рацете“, тврди Буданов.

Тој додаде дека Украина ќе ги врати сите територии окупирани од Русија.

„Украина е држава признаена во границите од 1991 година, а кој не се согласува со тоа, не се согласува со светскиот поредок што постои од крајот на Втората светска војна и со принципите на ОН“, рече шефот на разузнавачката служба Буданов.

Руските трупи не се особено успешни во Бахмут, во областа Доњецк, единствената област каде Русија моментално е во офанзива. Што се однесува до масовните ракетни напади на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина, Буданов истакна дека Русија изведува такви напади поретко отколку порано поради „брзото намалување“ на нејзиниот ракетен арсенал, пишува Киев Индипендент.

„Нивната индустрија не е во состојба да ја покрие количината што ја трошат. И покрај сите нивни напори, тоа е невозможно“, посочи Буданов. Тој додаде дека Русија се обидува да купи ракети со калибар 122 и 152 мм, тенковски високоексплозивни гранати и ракети за повеќецевните ракетни системи „Град“ и „Ураган“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот