Шефот на СЗО: Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции за да се спасат животи

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Епидемијата на новиот коронавирус ја достигна „клучната точка“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адан Гебрејесус и ги повика сите земји во светот да ги зголемат своите напори со цел ефикасно спречување на ширење на вирусот.

– Вирусот има потенцијал на пандемија. Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции како да се спречи инфекцијата и да се спасат животи – рече Гебрејесус.

Претставници на СЗО посочија дека соработуваат со организаторите на Олимписките игри во Токио и истакнаа дека не веруваат дека наскоро ќе биде донесена одлука за одржување на игрите, што треба да почнат кон крајот на јули годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот