Шефот на српската дипломатија Селаковиќ му изрази сочувство на Османи

Османи и Селаковиќ / 10 ноември 2021 / фото: Бујар Османи/Фејсбук

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ му изрази сочувство на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за загинатите 46 граѓани на Северна Македонија во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Бугарија.

– Длабоко нѐ вознемири веста за тешката сообраќајна несреќа, која се случи на територијата на Бугарија, во која трагично се загубени човечки животи. Во име на Министерството за надворешни работи на Србија и во мое лично име, Ви упатувам најдлабоко сочувство, наведе Селаковиќ.

Тој порача дека Србија е подготвена да даде неопходна поддршка, а со своето срце и мисли е со семејствата на загинатите, и ја дели тагата и болката со граѓаните на Северна Македонија.

– Ве молиме на семејствата на жртвите да им ги пренесете изразите на нашето искрено сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Селаковиќ во телеграмата со сочувство до Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот