Шефот на руските сили во Сирија разговараше со командантот на курдските сили за турската закана за инвазија

САД и Русија војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Шефот на руската армија во Сирија се сретна со командантот на локалните курдски сили во врска со заканата на Турција дека повторно ќе го нападне северот на Сирија, изјави синоќа курдскиот портпарол а пренесе една арапска телевизија.

Портпаролот на Сириските демократски сили кои ги предводат Курдите, Сиаманд Али, потврди дека генерал-полковник Александар Чајко се сретнал со курдскиот командант Мазлум Абди во североисточна Сирија но рече дека не ги знае деталите од разговорот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред неколку дена рече дека ќе нареди копнена инвазија во северна Сирија за да ги уништи курдските вооружени групи, откако шест лица загинаа, а десетици беа ранети во експлозија во центарот на Истанбул на 3 ноември.

Русија повика на намалување на тензиите долж турско-сириската граница.

Минатата недела Турција изврши серија воздушни напади врз наводни позиции на вооружени Курди на северот на Турција и Ирак, како одмазда за нападот во Истанбул, за кој Анкара ги обвинува курдските групи.

Групите негираат секаква одговорност за нападот и тврдат дека во турските бомбардирања се убиени цивили и оти ја загрозуваат борбата против организацијата Исламска држава.

Според извештаите на либанската телевизија Ал-Мајадин, Чајко разговарал со Абди за тензиите долж границата со Турција и начините да се избегне нов голем упад на турските сили во Сирија.

Телевизијата, која има новинари низ цела Сирија, тврди дека Чајко предложил распоредување на сириски провладини сили долж границата со Турција, до 30 километри јужно од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот