Шефот на ОН предупредува: Милиони луѓе може да умрат од глад

Антонио Гутереш/Фото: EPA-EFE/PASCAL BITZ / WEF HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Милиони луѓе во светот се изложени на ризик од глад, а пандемијата на коронавирус и климатските промени ја зголемуваат заканата, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Без итна акција, милиони луѓе ќе дојдат до работ на екстремна глад и смрт, рече Гутереш пред Советот за безбедност за време на состанокот за врската помеѓу храната и безбедноста.

Гутереш рече дека повеќе од 30 милиони луѓе во повеќе од триесетина земји се „на само еден чекор” од прогласување глад.

– Климатските шокови и пандемијата на ковид-19 додаваат масло во огнот. Имам едноставна порака: ако не ги храниш луѓето, храниш конфликти, рече тој.

– Гладта повеќе не е поврзана со недостиг на храна. Сега до голем степен тој е создаден од човекот- и  намерно го користам терминот. Нема простор за глад во 21 век, потенцираше генералниот секретар.

На крајот на 2020 година, повеќе од 88 милиони луѓе страдаа од акутен глад поради конфликт и нестабилност – зголемување од 20 отсто за една година, рече Гутереш, посочувајќи на трендот на влошување во 2021 година.

Меѓу подрачјата со висок ризик се Сахел, Африканскиот Рог, Јужен Судан, Јемен и Авганистан.

Гутереш рече дека за да се спасат 34 милиони луѓе во области со висок ризик, ООН и нејзините агенции бараат итна мобилизација на 5,5 милијарди долари. Тој најави дека формира работна група за „спречување на катастрофа”, претставена од Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот