Шефот на ОН ги повика САД и Кина на дијалог и разбирање

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на отворањето на годишната сесија на Генералното собрание на светската организација ги предупреди САД и Кина за можно ново влошување на ситуацијата во светот кој „веќе е на работ на бездна” и ги повика двете светски водечки економии за дијалог и разбирање.

„Се соочуваме со најголемата криза во нашите животи. Се плашам дека нашиот свет се движи кон два различни типа на економски, комерцијални, финансиски и технолошки регулативи, кон два различни пристапа во развојот на вештачката интелигенција и конечно кон две различни воени и геополитички стратегии”, рече Гутереш.

Тој доадде дека тоа е рецепт за проблеми и дека ќе биде многу помалку предвидлив од Студената војна.

„За да ја вратиме довербата и да инспирираме надеж, потребна ни е соработка”, рече Гутереш на собир на светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој одлучи лично да дојде во Њујорк и покрај кризата  со Ковид-19.

„Треба да разговараме, ни треба разбирање. Треба да инвестираме во спречување, одржување и консолидација на мирот. Потребен ни е напредок во нуклеарното разоружување и нашите заеднички напори за борба против тероризмот. Потребни ни се активности базирани на почитување на човековите права”.

Гутереш нагласи дека геополитичките поделби ја поткопуваат меѓународната соработка и го ограничуваат капацитетот на Советот за безбедност на ОН да ги донесе потребните одлуки.

„Во исто време, ќе биде невозможно да се соочиме со драматични економски и развојни предизвици, додека двете најголеми светски економии не се согласуваат”, рече шефот на ОН, посочувајќи на Пекинг и Вашингтон.

Гутереш изрази жалење за експлозијата на преземање власт со сила, имплицитно мислејќи на Мјанмар, Мали, Гвинеја и Судан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот