Шефот на НАСА со обвинувања дека Кина сака преку својата вселенска програма да ја преземе Месечината

Фото: НАСА

Шефот на НАСА оцени дека Кина би можела да ја преземе Месечината како дел од воената програма, притоа посочувајќи на повиците на Пекинг за изградба на заедница на нации во вселената.

Кина таквите негови забелешки ги отфрли оценувајќи ги како неодговорни.

Кина изминатата деценија го забрза темпото во развојот на својата вселенска програма, со фокус на истражување на Месечината. Првото слетување на летало без екипаж Кина го реализираше во 2013 година, со очекувања дека во текот на ова десетлетие ќе развие доволно моќни ракети за испраќање луѓе на Месечината.

„Треба да не загрижуваат кинеските слетувања на Месечината и тоа што вели ‘сега е наше, вие излезете'”, се наведува во изјавата на директорот на НАСА, Бил Нелсон, објавено во германскиот весник „Билд”.

Тој предупредува дека кинеската вселенска програма е со воен предзнак, како и оти Кина краде туѓи идеи и технологија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, како одговор на таквите тврдења изјави дека не е првпат шефот на НАСА да ги игнорира фактите и неодговорно да зборува за Кина.

„Американската страна постојано создаваше клеветничка кампања против нормалните и разумни напори на Кина во вселената, а Кина цврсто се спротивставува на таквите неодговорни забелешки. Кина отсекогаш промовирала изградба на заедничка иднина за човештвото во вселената и се спротивставувала на каква било трка во вооружување во вселената”, изјави тој.

Во рамки на програмата „Артемис” НАСА планира во 2024 година да испрати мисија со екипаж во месечевата орбита, а една година подоцна и да однесе свој екипаж во близина на јужниот пол на Месечината.

Кинеската вселенска програма планира на јужниот пол на Месечината во текот на наредните години да реализира мисии без екипаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот