Шефот на Манчестер Сити: Две жени, три фудбалски клуба, јахта од 400 милиони евра

Фото: Профимедиа

Премиерлигашот Манчестер Сити е најскапата фудбалска екипа на светот. „Сините“ од Манчестер вредат 1,28 милијарди евра, а зад нив стои еден од најбогатите луѓе на светот, шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан (48), пишува „24сата.хр“.

Шеикот од Емиратите „тежи“ дури 20 милијарди евра, а нафтено-инвеститорската фирма на која е претседател, International Petroleum Investment Company (ИПИЦ), во 2016 година вредеше неверојатни 114 милијарди евра.

Две жени и три фудбалски клуба

Шеикот Мансур е заменик на премиерот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), министер на претседателските работи и член на кралското семејство во Абу Даби. Неговиот полубрат, Калифа бин Зајед Ал Нахјан (71) е претседател на државата.

Мансур има две жени, Алија бинт Мохамед бин Бути Ал Ахмед (од 1995 година) и Манал Бинт Мохамед Ал Мактоум (од 2005 година), како и шест деца, Заједа, Фатима, Мохамеда, Хамдан, Латифа и Рашид.

Богатството на целата династија Ал Нахјан вреди повеќе од 170 милијарди евра.

Мансур е еден од најмоќните луѓе во светот на нафтата, но длабоко е поврзан со фудбалот. Пред 11 години го купи Манчестер Сити од тајналдскиот тајкун Таксина Шинаватра за 220 милиони евра, за 130 милиони евра повеќе отколку што плати Шинаватра една година претходно. Со тоа, започна трансформацијата на просечниот премиерлигаш во светски фудбалски гигант.

Сопственикот на Манчестер Сити во 2013 го основа и Њујорк Сити, па на северноамериканскиот континент успеа да привлече легенди како Андреа Прило, Френк Лампард и Давид Виља, а една година подоцна го купи и австралискиот Мелбурн Сити.

Јахта од 400 милиони евра

Мансур бин Зајед Ал Нахјан исто така е голем љубител и на јахти. Неговата омилена јахта Топаз, изградена во 2012 година, е шеста најголема јахта на светот. Долга е 147 метри, има осум катови, два хелиодроми, три базени, тереана, кино…Холивудската мега-ѕвезда Леонардо ДиКаприо му ја изнајми јахтата за забава од 20-тина пријатели пред Светското првенство во Бразил.

Мансур плати 400 милиони евра за избрадбата на Топаз, која е четврта највредна суперјахта на светот, а како во практика функционира нејзиното одржување доволно говори податокот што Мансур само на гориво во еден случај, околу 730.000 литри, потрошил 440.000 евра. Јахтата со гориво била полнета повеќе од пет часа.

Овен јахти, Мансур обожува и автомобили. Пред да ги купи „сините“, уште во 2005 година, купи пет отсто од акциите на „Ферари“, а се смета за еден од главните виновници за тоа што Формула 1 се одржува во Абу Даби. Покрај „Ферари“, богатиот шеик е акционер и во „Даимлер“, каде има 9,1 отсто од акциите.

Неговиот возен парк е вистински рај за секој љубител на автомобили. Меѓу другите, тој има Ферари Ензо од 2,8 милиони евра, Ламборгини Ревентон од 950.000 евра, Мерцедес СЛР-Мекларен од 400.000 евра, пет Бугати Вејрон вредни повеќе милиони евра. А најскапиот експонат во неговата гаража е Порше 911 ГТ1, „ѕверка“ вредна 3,5 милиони евра која може да достигне брзина од 330 километри на час.

Погледот на царството на шеикот открива дека во 2016 година ја купил вилата Лос Кинтос де Сан Мартин на југозападот на Шпанија, здание од 80 квадратни километри вредно 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот