Шефот на кабинетот на Макрон ќе биде тестиран за коронавирус

Безбедносните мерки околу претседателот се засилени, нема повеќе состаноци во неговата канцеларија, а се внимава на пенкалата, досиета или хартијата што се допира.

Шефот на кабинетот на Емануел Макрон, Патрик Строзда, ќе биде тестиран за коронавирус во вторник или среда, откако беше во контакт со заразено лице минатата недела, изјави извор во Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

-Патрик Строзда минатата недела беше во контакт со лице кое е позитивно на тестирањето, тој не разви никакви симптоми, рече овој извор, потврдувајќи ги информациите од телевизијата М6.

-Тој работи од дома како мерка на претпазливост за заштита на шефот на државата и ќе биде тестиран денес или утре. Неговиот асистент го обезбедува континуитетот во работата, беше речено од Елисејската палата.

Безбедносните мерки околу претседателот се засилени, нема повеќе состаноци во неговата канцеларија, а се внимава на пенкалата, досиета или хартијата што се допира. Посетите се ограничени, а салите за состаноци се чистат по секој состанок. Соработниците на претседателот се ограничени и за одење во кино, театар или јавниот транспорт.

Министерот за правда Белубет, исто така, ќе треба да има тест со оглед дека почувствувал температура.

Околу 450 спортски манифестации во Франција се откажани или одложени, пренесе министерката за спорт Роксана Марачинену.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот