Шефот на Ферари призна дека преговара со Хамилтон

twitter/formula1

Ферари и официјално призна дека веќе оствариле контакт со возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, за евентуален трансфер во италијанскиот тим. Договорот на шесткратниот Формула 1 шампион со Мерцедес кој му носи 40 милиони фунти годишно, истекува на крајот од идната година и Ферари веќе ја почна кампањата за ангажман на Британецот.

За време на последната трка од оваа сезона во Абу Даби, Хамилтон имал средба со извршниот директор на Фиат-Крајслер, Џон Елкан на која била разговарано токму за евентуалниот трансф во Ферари.

– Медиумите веќе објавија дека Луис разговарал со нашиот директор. Ние сме почестени што Луис, но и останатите возачи во Ф1 сакаат да дојдат во Ферари. Ние имаме долгогодишен договор со еден возач, Шарл Леклер додека договорот на вториот возач, Себастијан Фетел истекува на крајот од 2020 година. Премногу е рано за да носиме конечна одлука, ќе ги разгледаме сите опции и ќе го одбереме тоа што ќе биде најдобро за Ферари – изјави извршниот директор на Ферари, Лука Камилери.

Неодамна Хамилтон изјави дека одлуката дали ќе остане во Мерцедес ќе зависи највеќе од првиот човек на тимот Тото Волф. Имено, Волф важи за глацен фаворит за преземање на претседателската функција во Формула 1 и доколку се случи тоа, повеќе од изгледно е дека Хамилтон ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот