Шефот на „Фајзер“: Луѓето кои шират дезинформации за вакцините се криминалци

Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“/ Фото EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

„Луѓето кои шират дезинформации за вакцините против ковид-19 се криминалци кои го чинат човештвото милиони животи“, вели извршниот директор на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурла.

Бурла во неговата изјава додаде дека станува збор за „многу мала“ група на луѓе кои намерно создаваат и шират дезинформации за вакцините, создавајќи сомнежи кај луѓето кои веќе се двоумат за вакцинирање против ковид.

„Овие луѓе се криминалци. Тие не се зли луѓе, тие се криминалци кои буквално го чинеа човештвото милиони животи“, рече Бурла во интервју со претседателот на Атлантскиот совет Фредерик Кемпе.

Си-Ен-Би-Си потсетува дека милиони Американци сè уште се скептични за вакцините против ковид-19, иако во таа земја, но и во голем број други земји има повеќе од доволно вакцини. Експертите за јавно здравје велат дека во ова голема улога имаат дезинформациите за вакцините.

Милиони Американци веруваат во лагите за вакцините

Според студијата објавена во понеделникот од Фондацијата Кајзер Фемили, повеќе од три четвртини од возрасните Американци или веруваат или не се сигурни во лажните тврдења за короновариусот и вакцините против него.

Меѓу лажните тврдења за кои веруваат се тврдењата дека вакцините содржат микрочипови, предизвикуваат неплодност и ја менуваат структурата на ДНК, се вели во студијата.

Главниот извршен директор на „Фајзер“ во истото интервју рече дека животот на огромното мнозинство луѓе може да се врати во нормала кога повеќето од оние кои се уште се невакцинирани ќе се вакцинираат.

„Искрено, единственото нешто што стои помеѓу нормалниот живот и животот што го живееме сега е колебливоста кон вакцините“, рече Бурла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот