Шефот на Фајзер: Луѓето ќе мораат во иднина да се вакцинираат секоја година

Фајзер вакцина
Фајзер / Бионтек вакцина против коронавирус / Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE

Луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19 во годините што доаѓаат, изјави за Би-Би-Си шефот на Фајзер, д-р Алберт Бурла.

Тој верува дека ова ќе биде неопходно за да се одржи „многу високо ниво на заштита”.

Велика Британија веќе обезбеди дополнителни 114 милиони дози вакцини од Фајзер и од Модерна кои ќе бидат испорачани во следните две години.

Бурла ја даде изјавата за Би-Би-Си пред појавата на Омикрон, првпат идентификуван во Јужна Африка, и пред објавата дека владата во Лондон има потпишано договори за купување на 54 милиони дополнителни дози Фајзер и 60 милиони дози Модерна за 2022 година и 2023 година.

Овие договори вклучуваат пристап до модифицирани вакцини доколку е потребно за борба против Омикрон и идните варијанти, соопшти Министерството за здравство.

Д-р Бурла истакна дека Фајзер веќе има направено ажурирани вакцини како одговор на сојот Бета, исто така идентификуван првпат во Јужна Африка, и Делта варијантата, првпат откриена во Индија.

Компанијата сега работи на ажурирана вакцина како одговор на сојот Омикрон, која може да биде готова за 100 дена.

Бурла вели дека вакцините помогнале да се спасат милиони животи за време на пандемијата и без нив „фундаменталната структура на нашето општество би била загрозена”.

До крајот на годината, Фајзер очекува да испорача три милијарди дози од својата вакцина а четири милијарди се планирани за следната година.

„Фајзер” ќе генерира најмалку 35 милијарди долари од продажба на вакцини против Ковид-19 оваа година, а цената на нивните акции се зголемува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот