Шефот на експертите од Шангај за коронавирусот: Пандемијата би можела да трае две години

Според Чанг пандемијата би можела да биде запрена доколку целиот свет престане да се движи четири недели.

Борбата против новиот коронавирус во Европа би можела да потрае до две години, изјави шефот на тимот медицински експерти за Ковид-19 од Шангај, Чанг Венхонг.

Тој преку видео-конференција изјави дека е „совршено нормално” вирусот да се појавува и исчезнува и пандемијата да трае една или две години.

– За да најдеме решение за ширењето на заразата во краток временски период, мерките мора да бидат екстремно радикални, посочи Чанг.

Според Чанг пандемијата би можела да биде запрена доколку целиот свет престане да се движи четири недели.

Меѓутоа не можам да замислам дека некогаш била можна глобална суспензија, дури ниту во Германија или во Европа, потенцира Чанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот