Шефот на дипломатијата Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција - Слободен печат

Шефот на дипломатијата Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција

Димитров на конференцијата присустува на покана на нејзиниот претседавач амбасадорот Волфганг Ишингер, а предвидено е тој да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре престојува на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Димитров на конференцијата присустува на покана на нејзиниот претседавач амбасадорот Волфганг Ишингер, а предвидено е тој да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата.

Шефот на дипломатијата ќе се обрати на панел дискусијата „Нови сојузи за зголемена издржливост во европското соседство”, на тркалезната маса насловена „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред”, како и на дебатата во организација на Охридската група на тема „Незавршена работа? Европската Унија и Западен Балкан”.

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, ќе остварат средба на маргините на 56–та Минхенска безбедносна конференција, која што се одржува од денеска до 16 февруари, јави дописничката на МИА од Атина.

Прочитајте и...  Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорача

Средбата на шефовите на дипломатиите ја најавија од грчкото МНР, во рамките на разговорите што Дендиас ќе ги има со неговите колеги.

На маргините на конференцијата планирани се и повеќе билатерални средби со негови колеги министри, високи претставници и учесници на овогодишната Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да се дискутираат прашања поврзани со хибридните безбедносни предизвици, одбранбената соработка, енергетската безбедност, мултилатерализмот, меѓународната трговија, транснационалната безбедност, како и предизвиците со климатските промени и иднината на  Европската Унија и НАТО.

Минхенската безбедносна конференција, низ петдеценискиот период од своето постоење се етаблира како светски водечки форум за меѓународна безбедносна политика, обединувајќи ги политичките елити и претставниците на академската заедница и на еминентни невладини организации на едно место, каде ќе разговараат за најактуелните безбедносни и политички теми.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО

Прочитај повеќе

Спасовски: Со Република Србија заеднички сме посветени на унапредување на регионалната соработка

Слободен печат

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Слободен печат

Димовски: На СДСМ му требаше овој закон за амнестија за сè што сторија минативе години

Слободен печат

Пленковиќ: Повторно е ставено на дневен ред проширувањето на ЕУ

Слободен печат

Мишел: Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот

Слободен печат

Дирк Јан Коп: Гледаме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, тоа не е случај со Албанија

Слободен печат

Остави Коментар

осум − 5 =

Прочитај повеќе

Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорача

Слободен печат

Митрески: Законот за Советoт на ЈО не спаѓа во група закони што се носат со двојно мнозинство

Слободен печат

Димитров: Денес е голем ден во мојот град, успеавме да го усвоиме и последниот закон кој беше услов

Слободен печат

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Слободен печат

Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

Слободен печат

Фон Дер Лајен: Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб

Слободен печат