Шефот на ЦИА во Пакистан и Индија: Се разговара за состојбата во регионот по хаотичното повлекување од Авганистан

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, во Индија и Пакистан да разговара за ситуацијата во Авганистан и регионот, како и за тоа како да се продолжи понатамошното делување во овој дел од светот каде делуваат бројни терористички организации

Бернс во Исламабад се сретна со командантот на пакистанската армија, и со шефот на разузнавачката служба на Пакистан, барајќи подршка во зиградбата на мир и стабилност на Авганистан по преземањето на власта од страна на талибанците

 

Целта на шфот на ЦИА е да издејствува дополнителна помош на Пакистан во операциите за евакуација “на оние авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата

Пакистан соработуваше со неколку земји, вклучително и неколку европски, за да им помогне на стотици луѓе, од кои многумина Авганистанци за кои се верува дека се во опасност под власта на Талибанците, да го напуштат Авганистан преку копнените граници.

Пакистанската амбасада во Кабул, издаде стотици визи за Авганистанците на барање на странски амбасади, медиумски организации и невладини организации.

Во Индија ,  шефот на ЦИА бараше од оваа држава заеднички да ја развијат стратегијата за Авганистан.
Но сепак,западните медиуми шпекулираат дека далеку од очите на јавноста, шефот на ЦИА разговрал со своите индиски колеги за позицијаа на Кина и нејзината стратегија за доминација во регионот.

Кина и Индија се големи регионални ривали, и заедно со Пакистан се три нуклеарани светски супер сили лоцирани во овој дел на светот

Двете држави бројат над милијарда жители, и се нуклерани сили како и големи ривали во област на технологијата и економијата.

Токму намерата на Вашингтон е да ја придобие Индија на своја страна и преку неаа да и конкурира на Кина во овој дел од светот. Особено што Иднија изминативе години беше близок сојузник со уште едан американски ривал Русија.

Се очекува посетата на шефот на ЦИА да покаже во која насока ке се движат нуклераните веле сили Индија и Пакистан од чија одлука ќе зависи и полтикаата на западните држави и САД кон овој дел од светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот