Шефот на австриската дипломатија утре во посета на Македонија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, Шаленберг ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што двајцата министри ќе одржат прес-конференција.

Во рамки на посетата на земјава, шефот на австриската дипломатија ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања, се додава во соопштението на МНР. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот