Шефот го организирал грабежот на казиното во Дебар
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво”, полициската станица од општа надлежност-Дебар, во соработка со единицата за имотен и насилен криминалитет при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против З.Ф.(49) од дебарското село Коњаре и Н.Т.(45) од Дебар.
– На двете лица одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавените, казненото дело го сториле на 15 април оваа година околу 5 часот во казино „Стар”, лоцирано на улицата „8 септември”, во Дебар, кога, Н.Т. кој бил вработен и управител на казиното, со својот автомобил го донел З.Ф. пред објектот – изјави Стефан Димоски, портпрол на Сектоорт за внатрешн работ Охрд.
Според истрагата, З.Ф. влегол во казиното и со закана со пиштол одзел 500.000 денар.