Шефот бразилската дипломатија Араужо поднесе оставка поради критиката дека не набавил вакцини против ковид-19

Ернест Араужо

Министерот за надворешни работи на Бразил, Ернест Араужо поднесе оставка откако беше критикуван од Парламентот поради недостиг на вакцини против Ковид-19.

Араужо го информирал претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро за оставката, но Владата се уште не ја потврди информацијата.

Араужо беше критикуван дека не набавил доволно вакцини против Ковид-19.

Во Бразил, 12,5 милиони луѓе се заразени со Ковид-19, повеќе од 10 милиони оздравеле, а починале 312.000. За време на епидемијата, сменети се четворица министри за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот