Шефилд непријатно го изненади Арсенал! (ВИДЕО)

twitter.com/sheffieldunited

Во последниот натпревар деветтото коло во најсилното англиско фудбалско првенство вечерва составот на Шефилд јунајтед со резултат 1:0 го совлада Арсенал.

Стрелец на единствениот гол за домаќините на стадионот „Брамал Лејн“ во Шефилд беше францускиот интернационалец Мусе во 30. минута после асистенцијата на О`Конел.

После минималниот пораз од Ливерпул и ремито со Ватфорд, играчите на Шефилд (Ј) ја забележаа третата победа сезонава за моментно деветто место со 12 бодови.

За „топчиите“ ова е вкупно втор пораз и сега се на петтата позиција со 15 бодови, 10 помалку зад лидерот Ливерпул.

Во наредното 10. коло фудбалерите на Емери се домаќини на Кристал Палас, а Шефилд гостува на Вест Хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот