Шефицата на Шин Фејн се извини за убиството на вујкото на принцот Филип од страна на ИРА

Шин Фејн

Шефицата на Шин Фејн, Мери Лу Мекдоналд, денеска јавно се извини за атентатот врз вујото на  британскиот принц Филип од страна на членовите на ИРА пред 41 година, во кој беше убиен Луис Маунтбатен.

Нејзиното извинување се смета за потег без преседан на лидер на партијата која долго време беше политички параван за паравоената група.

Луис Маунтбатен, поранешен генерален гувернер на Индија, вујко на починатиот принц Филип и ментор на Чарлс, беше убиен на 27 август 1979 година, на 79-годишна возраст, во експлозија на бомба поставена од ИРА на неговиот рибарски брод во Мулагмор, Северна Ирска, каде бил на одмор со внукот.

Нападот се случи среде конфликтот меѓу републиканците и унионистите, кои се залагаат за останување на Северна Ирска под британската круна.

– Секако дека ми е жал што се случи тоа, рече Мери Лу Мекдоналд во интервју за Радио Тајмс по погребот на принцот Филип, кој почина на 9 април. Нејзиниот претходник Гери Адамс, кој го водеше Шин Фејн до 2018 година, одбиваше да се извини.

– Мојата работа, и сигурна сум дека принцот Чарлс и другите ќе го ценат тоа, е да дејствувам од првата линија. Мислам дека задача за сите нас е да осигура дека ниту едно дете, ниту едно семејство, какво и да е, нема да се соочи со ваква траума и скршено срце, рече Мекдоналд.

– Морам да истакнам дека вакви работи се случуваа премногу често на овој остров и пошироко, додаде таа.

ИРА се извини за сите цивилни жртви во 2002 година, но извинувањето не се однесуваше на лордот Маунтбатен.

Видео на денот