Шеесет илјади полицајци ќе го чуваат Париз денес

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Француската Влада мобилизира 60 илјади полицајци поради новите протести на движењето „Жолти елеци“ кои се најавени за денес.

Од полиција најавија дека нема да бидат дозволени протести во близина на катедралата Нотр Дам и на познатата авенија Шанзелизе.

„Жолтите елеци“ порачаа дека несогласување со претседателот Емануел Макрон не е поврзано со тагата на Франција поради пожарот кој ја оштети познатата катедрала Нотр Дам.

Демонстрантите до сега протестираа мирно, со исклучок на неколку протести кои го претворија Париз во воена зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот